Трактор и автомобил се судрија во Дебрца, тешко повредена 86-годишна жена
Вчера на локалниот пат во селото Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа меѓу трактор „ИМТ 539“ без регистарски таблици, управуван од М.Б. (58), и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (72), двајцата од истото село.
Во несреќата тешко е повредена 86-годишната Х.Ч., која се превезувала на тракторот, а полесни повреди добила 62-годишната Д.Д., сопатничка во автомобилот. Двете повредени биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им биле констатирани повредите.
При увидот, полициската екипа од СВР Охрид утврдила дека возачот на тракторот М.Б. управувал под дејство на алкохол, со 1,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трактор и автомобил се судрија во Дебрца,…
Вчера на локалниот пат во селото Требеништа,…
Условна казна затвор од две години за…
Условна казна затвор од две години, која…
Утре ќе гласаат 4.826 болни или изнемоштени…
Во вториот круг од локалните избори 2025…
Јакимовски: Радари за контрола на брзина пред…
Стевчо Јакимовски, актуелниот градоначалник на Општина Карпош…
Вeнс: Нуклеарните тестирања се клучни за безбедноста…
Тестирањето на американскиот нуклеарен арсенал е од…