Објавено на:

Трамп ветува исплати по 2.000 долари за повеќето Американци

t

Претседателот Доналд Трамп денес најави дека речиси сите Американци ќе добијат по 2.000 долари од царинските приходи кои ги собра неговата администрација. Потег со кој се обидува да го заштити еден од клучните столбови на политиката на неговата администрација, според Гардијан.

Трамп подолго време ги промовира своите даночни политики како насочени кон зголемување на приходите на државата, за кои тврди дека поттикнале „рекордни инвестиции во домашното производство“

„Дивиденда од најмалку 2.000 долари по лице (со исклучок на лицата со високи приходи) ќе им се исплати на сите“, напиша претседателот на неговата социјална мрежа Truth Social во неделата. Сепак, тој не даде дополнителни детали за тоа како би се реализирале ваквите исплати и каков механизам би се користел за распределба на средствата, пренесе Танјуг.

Ова не е првпат Трамп да предложи концепт за финансиски поврати кон граѓаните. Претходно ја промовираше идејата за поврат на царини за поединци, а во јули изјави дека неговата администрација размислува да им даде на Американците скромен поврат врз основа на „милијардите што федералната влада ги собра од царински приходи откако тој ја презеде функцијата“.

Најавата доаѓа во период кога еден од клучните елементи на неговата царинска политика се наоѓа пред Врховниот суд на САД. Неколку од судиите минатата недела изразија скепса за тоа дали администрацијата правилно го користела Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби (IEEPA) од 1977 година за воведување широк спектар на увозни тарифи, наведува Ројтерс.

Доколку судот реши дека Трамп ги пречекорил своите овластувања, тоа би можело да има значајни последици за неговата трговска политика, а со тоа и за плановите поврзани со предложената „дивиденда“ за американските граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ветува исплати по 2.000 долари за…

Претседателот Доналд Трамп денес најави дека речиси…

Лукашенко: Ќе ги заробиме камионите на Литванците…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во понеделник се…

Пензионер од Струга со „голф“ излета од…

76-годишник од Струга е тешко повреден откако…

Лазарова-Трајковска: Изборот на судија за Стразбур зависи…

Доколку процедурата за избор на кандидати за…

Ал Шара бара нов почеток без санкции…

Сирискиот претседател, Ахмад ал Шара, пристигна во…