Објавено на:

Трамп: Втората светска војна траеше 6, а Виетнамската 19 години, нема да дозволам никој да ме брза и притиска

t

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека не е под притисок да постигне договор со Иран, обвинувајќи ги демократите дека ја поткопуваат позицијата на Соединетите Американски Држави.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, тој ги отфрли медиумските наводи за притисоци и истакна дека прашањето со Иран ќе го реши „правилно“, исправувајќи го, како што вели, „хаосот“ што го оставиле неговите претходници.

„Демократите прават сè што можат за да ѝ наштетат на многу силната позиција во која се наоѓаме во однос на Иран. Иако Првата светска војна траеше 4 години, 3 месеци и 14 дена, Втората светска војна 6 години и 1 ден, Корејската војна 3 години, 1 месец и 2 дена, Виетнамската војна 19 години, 5 месеци и 29 дена, а Ирак 8 години, 8 месеци и 28 дена, тие сакаат да кажат дека сум ветил да го поразам Иран за 6 недели, а всушност, од воена гледна точка, тоа беше многу побрзо од тоа, но нема да дозволам да ги забрзуваат Соединетите Американски Држави во склучување договор што не е онолку добар колку што може да биде.

Читам во лажните вести дека сум под „притисок“ да постигнам договор. Тоа не е вистина! Не сум под никаков притисок, иако сè ќе се случи релативно брзо. Времето не ми е непријател, единствено важно е конечно, по 47 години, да го решиме хаосот што други претседатели го дозволиле, бидејќи немале храброст и визија да го направат тоа што требало во врска со Иран.

Во тоа сме и тоа ќе биде направено како што треба, и нема да дозволиме слабите и жални демократи, предавници сите, кои со години зборуваат за опасностите од Иран и дека треба да се преземе нешто, а сега, кога јас го правам тоа, ги омаловажуваат достигнувањата на нашата војска и администрацијата на Трамп.

Ова се спроведува совршено, во размери како Венецуела, само како поголема и посложена операција. Резултатот ќе биде ист. Во мојот прв мандат изградив најсилна војска што нашата земја некогаш ја имала, вклучително и основање на Вселенските сили. Во мојот втор мандат правилно и разумно ја користам нашата војска за да ги решам проблемите што ни ги оставиле други, со многу помалку разбирање или способност“, напиша Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Втората светска војна траеше 6, а…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека не…

(Видео) „Шо праите бе другари“ – Заев…

Сојузот на социјалдемократите на Македонија (СДСМ) вечерва…

Црн џип покоси жена на пешачки –…

Мирното попладне во населбата Капиштец беше прекинато…

Алиу: Партијата ВРЕДИ ќе се промовира на…

Партијата ВРЕДИ ќе се промовира на 9…

Средба на Сиљановска-Давкова со казахстанскиот министер за…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со министерот…