Трамп: Договор со Иран е можен и покрај израелските напади
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека договорот меѓу САД и Иран за прекин на конфликтот и понатаму е на пат да биде потпишан, и покрај израелскиот напад врз Бејрут и најавите на Техеран дека ќе одговори на тој потег.
Во интервју за Аксиос, Трамп рече дека неговата администрација интензивно работи на зачувување на договорот кој, според него, бил доведен во прашање по израелскиот напад врз главниот град на Либан.
– Тоа ја разниша ситуацијата. Потпишувањето е одложено за неколку часа. Требаше да биде завршено досега, а сега е закажано за неколку часа подоцна – рече Трамп во телефонски разговор за Аксиос.
Трамп наведе дека бил изненаден кога неговите соработници го информирале за израелскиот напад врз Бејрут и дека поради тоа му изразил незадоволство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Според него, нападот бил извршен непосредно пред планираното склучување на договорот.
Американскиот претседател истакна дека либанското милитантно движење Хезболах прво извршило напад врз Израел, но оцени дека тој напад не предизвикал штета ниту човечки жртви. Трамп рече дека своето незадоволство од израелскиот потег директно му го пренел на Нетанјаху, оценувајќи дека одлуката за напад не била соодветна на околностите во кои се воделе завршните разговори за договорот.
– Зошто Биби (прекарот на Нетанјаху) мораше да го изврши проклетиот напад? Бев толку лут. Му реков дека му недостига мудрост. Му ставив до знаење – истакна Трамп.
Според него, израелскиот напад врз Бејрут довел до повеќечасовно одложување на потпишувањето на договорот со Иран, но дека новиот термин за потпишување е дополнително утврден.
Говорејќи за договорот со Иран, Трамп оцени дека тој би бил корисен и за Израел, бидејќи, како што наведе, би го спречил Иран да дојде до нуклеарно оружје, би предвидел отстранување на нуклеарниот материјал и би овозможил ненајавени инспекции на иранските нуклеарни постројки. Тој нагласи дека договорот би претставувал важен чекор кон долгорочна стабилност на регионот и намалување на ризикот од поширок конфликт на Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Договор со Иран е можен и…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Следуваат високои температури: Македонија ја очекува вистинско…
Не очекува сончево и многу топло време…
Скандал во случајот „Рибникар“: Мајката на убиецот…
Во судницата за случајот „Рибникар“ повторно имаше…
Муцунски во работна посета на три европски…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Лентите за М – ТАГ на патарините…
Лентите означени за M -таг на патарините…