Објавено на:

Трамп: Загинувањето на американските војници е трагедија, новите напади врз Иран се казна за Револуционерната гарда

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето на двајца американски војници во Јордан е трагедија, но нагласи дека воената мисија поврзана со Иран останува од клучно значење за САД. Тој ги одбрани новите воздушни напади на американската војска, кои беа изведени како директен одговор против силите на  Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), пренесува весникот „Њујорк пост“.

– Го направивме тоа затоа што не сакаме Иран да дојде до нуклеарно оружје. Тоа само покажува колку се лоши (Иранците) –  изјави Трамп.

Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ) претходно соопшти дека двајца американски војници загинале во петокот за време на одбраната од напад со ирански балистички ракети и со беспилотни летала. Уште еден војник и натаму се води како исчезнат, а четири повредени лица, кои претходно беа хоспитализирани, по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

На прашањето од новинарите дали лично ќе стапи во контакт со семејствата на загинатите, Трамп одговори потврдно, нагласувајќи дека секогаш го прави тоа.

Тој претходно за телевизијата „Њузнејшн“ (NewsNation) изјави дека воопшто не му е важно тоа што Техеран соопштил дека привремено го суспендира Меморандумот за разбирање меѓу двете земји, додавајќи дека американските војници загинале служејќи ѝ на сопствената држава. Воедно, Трамп целосно ги отфрли критиките од одредени конгресмени од Демократската партија, кои директно го обвинија за ескалацијата на судирот и за смртта на војниците.

„Дали некогаш сте се запрашале колку луѓе загинаа во Виетнам? Или колку загинаа во Авганистан во само еден ден, под водство на ’поспаниот‘ Џо Бајден?“, изјави американскиот претседател во одговор на обвинувањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Загинувањето на американските војници е трагедија,…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето…

Епидемија во Гостивар нема да се прогласи…

Во Гостивар засега нема да биде прогласена…

Пак падна Фејсбук: Дел од профилите се…

Голем број корисници денеска пријавија проблеми при…

Километарски колони на „Евзони“: За влез во…

Голем сообраќаен метеж утрово е забележан на…

Мбапе го престигна Меси: Стана најдобар стрелец…

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе постигна два гола…