Трамп: „Иран има 48 часа или доаѓа пекол“
Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова закана кон Иран, на платформата Трут соушл, истакнувајќи дека Техеран има уште 48 часа пред да „стигне пеколот“.
„Се сеќавате кога им дадовме на Иран десет дена да постигне договор или да го отвори Ормутскиот теснец? Времето истекува – уште 48 часа пред пеколот да се излее врз нив. Слава му на Бога!“, напиша Трамп.
Серија на ултиматуми
Во последните денови, Трамп повеќепати јавно поставуваше рокови за Иран, заканувајќи се со ескалација, ако не се отвори Ормутскиот теснец и не се постигне поширок договор. Претходно тој даде рок од десет дена, со закани за напади на енергетската инфраструктура на Иран.
Во повеќе наврати, Трамп исто така порача дека САД можат дополнително да ги засилат воените операции ако Иран не попушти, вклучувајќи и удари врз клучни економски цели.
Војна без јасен крај
Во неодамнешно обраќање, Трамп истакна дека војната може да заврши за два до три недели, но без конкретни детали како тоа би се постигнало.
Аналитичарите предупредуваат дека честите промени на роковите и заканите дополнително ја зголемуваат неизвесноста на теренот, додека конфликтот влегува во шестата недела без јасно политичко решение
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: „Иран има 48 часа или доаѓа…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова закана…
Цените на становите одат кон рекордни 5.000…
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,…
Јаневска: Институт работел во просторија на обложувалница…
Приватен институт функционирал во просторија на обложувалница,…
Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе…
Во Македонија 45 отсто од возрасните пушат…
ГАК: Имаше кус прекин на струја, но…
Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција…