Објавено на:

Трамп му порача на новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, дека нема да трае долго

t

Иран во понеделникот ги лансираше првите ракети и дронови кон Израел и неговите соседи во Персискиот Залив, откако во неделата новиот врховен водач, Моџтаба Хамнеи, го наследи својот татко, убиениот ајатолах Али Хамнеи. Само неколку часа по објавувањето на изборот на новиот врховен лидер, иранската државна телевизија објави за лансирање ракети кон Израел, на чиј труп имало натпис „Под ваша команда, Саид Моџтаба“, шиитска религиозна референција што ја означува лојалноста на иранските сили кон новиот лидер.

Израел уште во средата објави дека новиот врховен лидер ќе биде „цел“. Следниот ден, американскиот претседател, Доналд Трамп, рече дека нема да дозволи Моџтаба Хамнеи да ја преземе власта, додека во неделата, уште пред да биде соопштено името, предупреди дека новиот врховен лидер „нема да трае долго“.

Моџтаба Хамнеи е третиот врховен водач на Иран од Исламската револуција во 1979 година. Тој го наследи својот татко, кој беше на власт од 1989 година, а беше убиен уште првиот ден од американско-израелските напади врз Иран, на 28 февруари. Заедно со Али Хамнеи, тогаш загинаа и мајката на Моџтаба, како и сестрата, сопругата и синот, за кого Израел по неколку дена потврди дека преживеал. Како свештеник од среден ранг, Моџтаба Хамнеи не е ајатолах, титула што им следува само на вишите свештеници, но тоа не значи дека нема да ја добие наскоро, зашто ја немаше и неговиот татко, кој експресно ја доби откако беше избран за врховен водач. Моџтаба никогаш не бил на јавна функција и секогаш бил „под радарот“. Неговиот избор е контроверзен, зашто титулата врховен водач не се наследува од татко на син, туку поради религиозната определба и докажаното лидерство. Дури и Али Хамнеи во една пригода ѝ се спротивстави на идејата да биде наследен од својот син.

Сега, кога е направен изборот, се верува дека 56-годишниот Моџтаба Хамнеи, кој има исклучително силни врски со Иранската револуционерна гарда, ќе ги продолжи тврдокорните политики на татко си. Тој, исто така, многу личи на својот татко и носи црн турбан, што сугерира дека неговото семејство потекнува од Мухамед.
Под негово водство, во понеделникот, на десеттиот ден од почетокот на конфликтот, Иран продолжи да лансира ракети и дронови во правец на Кувајт, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Израел, пак, објави дека ја напаѓа „режимската инфраструктура“ во Иран, при што цели се местата за лансирање ракети, командните центри на Револуционерната гарда и полицијата и фабриката за ракетни мотори. Исто така, објави дека продолжува со нападите на инфраструктурата на Хезболах во Бејрут.

Иранското Министерство за здравство кажа нов податок, според кој досега се убиени 1.200 луѓе, а повеќе од 1.000 цивили се ранети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп му порача на новиот врховен лидер…

Иран во понеделникот ги лансираше првите ракети…

Пиротехниката во „Пулс“ била купена на Бит…

Горан Игновски, сопственик на продавницата „Чкаља“ ДООЕЛ…

САД со итно предупредување: Не патувајте во…

Американскиот Стејт департмент издаде ново патничко предупредување…

Рубио: Целта на САД во Иран е…

САД објавија дека нивната воена операција против…

Цената на дизелот во Македонија со најголем…

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти…