Трамп: Нападите врз Иран може да траат и до еден месец, сѐ оди според планот
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воените удари врз Иран би можеле да траат и до еден месец, наведувајќи дека првичната проценка за времетраењето на операцијата изнесувала околу четири недели.
Во разговор за Дејли мејл, Трамп посочил дека, иако нападите се силни, станува збор за голема земја и дека ќе биде потребно време за целосно реализирање на целите.
„Отсекогаш планиравме да трае четири недели. Проценката беше околу четири недели. Колку и да се силни ударите, тоа е голема земја и ќе бидат потребни четири недели, а можеби и помалку“, изјавил Трамп, додавајќи дека засега е задоволен од текот на операцијата.
Тој се осврна и на првите тројца загинати американски војници во текот на борбите, оценувајќи ги како „одлични луѓе“ и истакнувајќи дека вакви загуби, за жал, се можни во воени услови.
„Разговарав со нивните семејства и ќе се сретнам со нив во соодветно време“, рече Трамп.
Во однос на текот на операцијата, претседателот нагласи дека засега нема непланирани изненадувања и дека, според неговата оценка, „сè оди според планот“. Тој тврдеше дека биле елиминирани голем број високи фигури од иранското раководство, повеќе од првично очекуваното.
Истовремено, Трамп изјави дека е отворен за разговори со иранското раководство, но посочи дека, според него, тие требало да се одржат порано.
„Тие сакаат да разговараат, но им реков дека требаше да разговараат минатата недела, а не оваа“, изјави американскиот претседател, оставајќи отворена можност за дипломатски контакт во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Нападите врз Иран може да траат…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воените…
Вучиќ: Започнува нова ера во која меѓународното…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не…
Македонија со поддршка за Саудиска Арабија, ОАЕ,…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Сиљановска Давкова уверува: Нема за што да…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по итно свиканата седница…
Најнова вест: Иран започна нов напад врз…
Нови сирени се огласија низ јужен Израел…