Објавено на:

Трамп: Очекувам целосно прекин на огнот на Блискиот Исток, вклучително и во Либан

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон останува посветен на мирот и ги повика сите страни на Блискиот Исток да продолжат да ги поддржуваат преговорите, наведувајќи дека очекува целосен прекин на огнот на сите фронтови, вклучувајќи ги Либан, либанскиот Хезболах и Израел.

„Соединетите Американски Држави се посветени на мирот и ги охрабруваме сите во регионот на Блискиот Исток да ја одржат својата посветеност за да им овозможат на нашите преговори успешно да продолжат“, напиша Трамп во четврток.

Тој оцени дека пазарите реагираат позитивно на развојот на настаните, наведувајќи дека цените на нафтата значително паднале, додека индексите на берзата пораснале. „Очекуваме целосен прекин на огнот на сите фронтови, вклучувајќи ги Либан, Хезболах и Израел“, нагласи американскиот претседател. Порано во четврток, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го објави текстот на Меморандумот за разбирање меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, кој предвидува итно прекинување на воените операции, започнување преговори за конечен договор во рок од 60 дена, постепено укинување на санкциите врз Техеран и решавање на прашањето за нуклеарната програма на Иран.

Во документот, објавен на сметката на Пезешкијан на X, се наведува дека Иран и САД се согласуваат веднаш и трајно да ги прекинат воените операции на сите фронтови, вклучително и Либан, и да се воздржат од закана или употреба на сила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…