Објавено на:

Трамп подготвува нови царини за 60 земји — кој сѐ е на удар и зошто?

t

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предлага да се воведат царини од 10 отсто или повеќе за производи од десетици големи трговски партнери, по истрага за увоз на стоки за кои се тврди дека биле произведени со принудна работа, објави „Асошиејтед прес“.

Во извештајот што рано денеска го објави Канцеларијата на трговскиот претставник на САД се наведува дека Канада, Мексико, Тајван, Обединетото Кралство и уште некои земји и територии би се соочиле со дополнителни царини од 10 отсто, бидејќи наводно не спроведувале забрана за увоз на производи направени со принудна работа.

Дополнителна царина од 12,5 проценти би била воведена за Кина, Јапонија, Индија, Јужна Кореја, Бразил и за Швајцарија, како и за десетици други земји.

„Неуспехот на нашите најважни трговски партнери да се справат со увозот на стоки произведени со принудна работа е неприфатлив. Тоа создава динамика во која американските работници се принудени да се натпреваруваат на глобално ниво во нерамноправни услови“, изјави трговскиот претставник на САД, амбасадорот Џејмисон Грир.

Тој додаде дека „секој од нашите трговски партнери мора да направи повеќе за трговијата да не поттикнува и да не зацврстува принудна работа на глобално ниво“.

Канцеларијата на трговскиот претставник на САД соопшти дека неуспехот да се спречи таков увоз е „неразумен и го оптоварува или ограничува американскиот бизнис“.Најновиот бран царини веројатно ќе ги вознемири клучните трговски партнери на САД, кои веќе беа погодени од повеќе царински мерки откако претседателот Доналд Трамп се врати на функцијата на почетокот од минатата година.

Новите американски царини нема да важат веднаш, туку ќе поминат низ јавна расправа и ревизија, со сослушувања најавени за 7 јули.

Администрацијата на Трамп ја водела истрагата според членот 301 од Законот за трговија од 1974 година, откако Врховниот суд му ги ограничи претходните царински овластувања.

Наводно, утврдено било дека 60 земји не спречувале увоз на производи поврзани со принудна работа.

Извештајот наведува ризични стоки како ориз од Мјанмар, тутун од Малави, говедско од Бразил и памук од Кина.

Некои производи, меѓу кои кафе, банани и метали, би биле изземени или пониско царинети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп подготвува нови царини за 60 земји…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предлага…

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

ЕУ го замрзна трговскиот договор со САД…

Европската Унија привремено ја запира ратификацијата на…