Објавено на:

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

t

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека ова ќе го пренасочи снабдувањето од Кина и дека Венецуела ќе избегне големи намалувања на производството на нафта.

Трамп изјави дека договорениот обем е помеѓу 30 и 50 милиони барели нафта под санкциите на САД.

Според него, нафтата ќе се продава по пазарна цена, а приходите ќе бидат контролирани од САД. Спроведувањето на договорот го води американскиот секретар за енергетика Крис Рајт, а нафтата ќе биде насочена од танкерите директно кон американските пристаништа.

Поради извозното ембарго воведено во средината на декември, Венецуела има милиони барели нафта складирани на танкери и во резервоари што не можеше да ги испорача. Дел од испораките што сега треба да завршат во САД првично беа наменети за Кина, најголемиот купувач на венецуелска нафта во последните години.

Цените на суровата нафта во САД паднаа за повеќе од 1,5 проценти по објавувањето на договорот, поради очекувањата за зголемување на количината на венецуелска нафта на американскиот пазар.

Извозот на венецуелска нафта во САД моментално е целосно контролиран од „Шеврон“, единствената американска компанија со лиценца за извоз, која испорачува помеѓу 100.000 и 150.000 барели дневно. Не е познато дали Венецуела ќе има пристап до приходите од продажбата, бидејќи сметките на државната нафтена компанија PDVSA се замрзнати поради санкциите на САД.

Венецуела ја продава својата главна мешавина „Мери“ со попуст од околу 22 долари за барел во однос на „Брент“, со што вредноста на договорот изнесува максимум 1,9 милијарди долари.

Министерот за внатрешни работи на САД, Даг Бургум, изјави дека зголемениот проток на тешка венецуелска нафта до рафинериите на брегот на Мексиканскиот Залив би бил корисен за американскиот пазар на гориво и за венецуелската економија. Американските рафинерии во областа увезуваа околу 500.000 барели венецуелска нафта дневно пред воведувањето на санкциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела,…

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз…

Трамп закажува средби со најголемите нафтени компании…

Трите најголеми американски нафтени компании - Exxon…

Шумер: Хаосот во Венецуела штотуку започнува, отворена…

Лидерот на деократите во американскиот Сенат, Чак…

ЕК со предупредување до САД: Окупацијата на…

Европската комисија вчера предупреди дека безбедносните интереси…

Трамп: Децата во САД сега ќе ги…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави…