Објавено на:

Трамп разочаран што Зеленски не го прочитал мировниот план за Украина

t

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е разочаран од украинскиот претеседател, Володимир Зеленски, кој сè уште не го прочитал предлогот за мирно решавање на руско-украинскиот конфликт.

„Разговаравме со претседателот Путин, разговаравме со украинските лидери, вклучувајќи го и претседателот Зеленски. И морам да кажам дека сум малку разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот“, одговори Трамп кога беше прашан за следните чекори во процесот на решавање на конфликтот.

Американскиот претседател нагласи дека верува оти Русија и украинскиот народ ги поддржуваат предложените услови на САД за решавање на конфликтот во Украина.

На 2 декември, рускиот претседател Владимир Путин разговараше во Москва со специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Претседателскиот помошник Јуриј Ушаков рече дека страните сè уште не постигнале компромис. Сепак, тој ги опиша некои од „американските предлози“ како прифатливи. После тоа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер одржаа неколку состаноци со украински претставници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп разочаран што Зеленски не го прочитал…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е…

Тајланд ја нападна Камбоџа

Тајланд започна воздушни напади по должината на…

Денеска се празнува Свети Климент, архиепископ Охридски

Ученик на Светите Методиј и Кирил. По…

МЕТЕО: Променливо облачно време со сончеви периоди

Утрово од УХМР известуваат дека денеска времето…

Русите драстично намалиле со алкохолот, тоа им…

По децении на прекумернo пиење алкохол во…