Трамп: Сами проценете што значат акциите во Венецуела за Гренланд
Американскиот претседател Доналд Трамп упати прикриена, но јасна закана до новата лидерка на Венецуела, Делси Родригез, во телефонско интервју за „Атлантик“ , велејќи дека таа „ќе плати многу голема цена, веројатно повеќе од Мадуро“ ако не постапи како што очекуваше Вашингтон.
За време на разговорот, кој се одржа кратко по пристигнувањето во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, Трамп беше видливо расположен и повтори дека Венецуела можеби не е последната земја изложена на американска интервенција.
„Апсолутно ни треба Гренланд“, рече Трамп, опишувајќи го островот, кој е дел од Данска, како област „опкружена со руски и кинески бродови“. Зборувајќи за иднината на Венецуела, тој јасно сигнализираше отстапување од неговото претходно противење на промена на режимот.
„Знаете, реставрацијата и промената на режимот, како и да сакате да го наречете, е подобро од она што го имаат сега. Не може да биде полошо“, рече Трамп.
Суровиот тон кон Родригез е во спротивност со пофалбите што тој ѝ ги упати вчера, само неколку часа откако американските воени сили го нападнаа Каракас и ги уапсија Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за кривично гонење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Сами проценете што значат акциите во…
Американскиот претседател Доналд Трамп упати прикриена, но…
Генералниот секретар на Советот на Европа: Транзицијата…
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален…
Трамп за в.д. претседателката на Венецуела: „Ако…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…
Мицкоски ја поддржува ама и не ја…
Христијан Мицкоски вели дека ги поддржува САД…
Данска вознемирена дека Гренланд може да биде…
Отако САД го заробија венецуелскиот претседател Николас…