Трамп се закани дека ќе воведе такса во Ормускиот теснец
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека Соединетите Американски Држави би можеле да воведат давачки во Ормутскиот теснец доколку преговорите со Иран не успеат на крајот од моментално планираниот 60-дневен прекин на огнот.
„Нема да има патарини во Ормутскиот теснец за време на 60-дневниот период на примирје, а нема да има патарини ни по истекот на тој период, освен ако САД не ги наметнат, доколку не се постигне договор“, напиша американскиот претседател на својата платформа Truth Social.
Морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, идеолошката армија на Иран, претходно денес предупреди дека бродовите што се приближуваат кон Ормутскиот теснец ќе бидат во опасност, објави агенцијата Фарс на социјалните медиуми.
Ормутскиот теснец е затворен за сите бродови и тие „не смеат да му се приближуваат, во спротивно нивната безбедност ќе биде во опасност“, се наведува во соопштението на морнарицата.
Повторното отворање на теснецот беше една од клучните точки на меморандумот за разбирање меѓу Иран и САД, кој предвидува прекин на непријателствата на сите боишта, вклучително и Либан.
Иранските сили соопштија дека ја донеле одлуката поради „континуираните прекршувања на примирјето од страна на ционистичкиот режим во јужен Либан“, наведувајќи го одбивањето на израелските сили да се повлечат од земјата.
„Ова е првата мерка како одговор на кршењето на примирјето од страна на непријателот и, доколку агресијата продолжи, ќе бидат планирани и спроведени понатамошни чекори за да се принуди непријателот да ги исполни своите обврски“, се додава во соопштението.
Израел продолжи да го напаѓа јужен Либан, каде што верува дека се наоѓа упориштето на либанското движење Хезболах, поддржано од Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…