Објавено на:

Трамп: Сериозно размислувам за излез од НАТО

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД прилично брзо ќе се повлечат од Иран, но ќе бидат подготвени да се вратат со прецизни удари доколку е потребно, пренесе Ројтерс.

dobivaj vesti na viber
„Не можам точно да кажам кога ќе заврши војната… прилично брзо ќе излеземе“, рече Трамп, додавајќи дека американската акција обезбедила Иран да не може да поседува нуклеарно оружје.

„Нема да имаат нуклеарно оружје затоа што сега се неспособни за тоа. А потоа ќе се повлечам и ќе ги повлечам сите. Ако треба, ќе се вратиме за да извршиме прецизни удари“, изјави тој.

Трамп најави и остар став кон НАТО, потврдувајќи дека апсолутно размислува за излез на САД од алијансата поради, како што рече, недоволната поддршка од сојузниците во врска со Иран.

Во интервју за „Телеграф“, тој претходно го нарече НАТО „хартиен тигар“ и оцени дека алијансата повеќе не функционира како што треба.

„НАТО денес е непрепознатлив. Никогаш не ме убедил. Отсекогаш знаев дека се хартиен тигар, а тоа го знае и Путин“, рече Трамп.

Неговите изјави доаѓаат во време кога САД бараат излез од конфликтот со Иран, додека расте притисокот врз сојузниците околу безбедноста на клучните поморски рути, особено Ормутскиот теснец.

Трамп изрази надеж и за можен договор со новото раководство во Иран, откако, според неговите тврдења, во воздушни напади бил убиен врховниот лидер Али Хамнеи.

„Верувам дека имаме одлична можност за договор, затоа што не сакаат повеќе да бидат бомбардирани“, изјави тој, додавајќи дека промената на режимот веќе се случила.

Осврнувајќи се на збогатениот ураниум, Трамп рече дека не е загрижен, бидејќи е „длабоко под земја“ и дека САД ќе го следат преку сателити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Сериозно размислувам за излез од НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Уапсени 16 возачи за безобѕирно возење

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Итно потребна крв АБ негатив за десетгодишно…

Преку социјалните мрежи се обратија родителите на…

Поради кризата, ММФ предупредува: Инфлацијата до 4,5%,…

По завршувањето на средбите на членовите на…

Во угостителски објект, му се заканувал на…

57-годишник од кичевско доби кривична пријава поради…