Трамп со дефиниција за жена: „Тоа е некој што може да роди бебе“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги насмеа новинарите кога на прес-конференција одговори на прашање кое, според еден репортер, им „задава многу проблеми на демократите“.
„Што е жена? Па, за мене тоа е лесно прашање – жена е некој што може да роди бебе, под одредени услови“, изјави Трамп, додавајќи: „Мене отсекогаш ми се чинело дека жените се многу попаметни од мажите“.
Според Трамп, жените денес се жртви на „многу лош третман“ поради трансродната идеологија, која „дозволува мажи да се натпреваруваат во женските спортови“.
„Тоа е апсурдно, смешно, крајно неправедно и навредливо за жените“, изјави тој пред новинарите.
„Жените се неверојатни личности кои прават многу за нашата земја. Ги сакаме нашите жени и ќе се погрижиме за нив“, заклучи Трамп.
Претходната американска администрација ги вклучи „трансродните“ лица во привилегирани и заштитени групи во општеството, препорачувајќи употреба на термини како „родител два“ или „лица кои раѓаат“, за никој да не се почувствува навреден.
Како критика на оваа идеологија, новинарот Мет Волш во 2022 година сними документарен филм со наслов „Што е жена?“. Кога истото прашање ѝ беше поставено на Кетанџи Браун Џексон, сегашната судијка на Врховниот суд на САД, таа одговори: „Не знам, не сум биолог“.
По враќањето во Белата куќа, Трамп веднаш издаде уредба со која официјалната политика на американската влада е дека постојат само два пола – машки и женски, пренесува РТ Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со дефиниција за жена: „Тоа е…
Американскиот претседател Доналд Трамп ги насмеа новинарите…
(Фото) Сведоштва по земјотресот во Мјанмар: Со…
Спасувачите во Мјанмар прават натчовечки напори да…
Турчин донел мигранти од Египет во Македонија,…
СВР Велес поднесе кривична пријава против T.Ј.(44)…
Скандалот со Сигнал: Зошто државите не ги…
Магазинот Атлантик случајно откри протекување таен разговор…
Шокантно откритие во Египет: Пирамидите во Гиза…
Иако најголемиот дел од ледените бреговите на…