Објавено на:

Трамп со нова бизарна изјава: „Ќе се обидам да дојдам на свадбата на син ми, го познавам долго време“

t

Доналд Трамп повторно предизвика реакции на социјалните мрежи со необична изјава за својот најстар син, Доналд Трамп Помладиот, чија свадба е закажана за следниот викенд на Бахамите.

Говорејќи во Овалната соба, Трамп рече дека не е сигурен дали ќе присуствува на свадбата поради обврските поврзани со Иран и други меѓународни прашања.

Би сакал да одам, но тоа ќе биде мала приватна церемонија и ќе се обидам да стигнам. Реков дека ова е лошо време за мене. Имам нешто што се вика Иран и други работи“, изјави Трамп

Тој додаде дека медиумите ќе го критикуваат без разлика каква одлука ќе дoнесе.

Најголемо внимание, сепак, привлече неговиот коментар за сопствениот син.

„Тој е човек што го познавам долго време“, рече Трамп, по што изјавата стана предмет на потсмев и шеги на социјалните мрежи.

Доналд Трамп Помладиот викендов треба да се ожени со Бетина Андерсон. Тој претходно беше во брак со Ванеса Трамп, со која има пет деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со нова бизарна изјава: „Ќе се…

Доналд Трамп повторно предизвика реакции на социјалните…

Приведен 37-годишен државјанин на Индија во Карпош…

Министерството за внатрешни работи информира дека на…

Путин најави остар одговор: Русија ќе реагира…

Рускиот претседател Владимир Путин остро го осуди…

Цените на нафтата не паѓаат под 100…

Цените на нафтата се искачија над 104…

Иран: 35 бродови поминаа низ Ормускиот теснец…

Иранската Револуционерна гарда објави дека десетици бродови…