Објавено на:

Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја спореди пресудата против француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен со неговите сопствени судски процеси во САД. Тој изјави дека петгодишната забрана за Ле Пен да се кандидира на избори е „многу сериозно прашање“.

– Ова ме потсетува на нашата земја, многу личи на она што се случува кај нас, рече Трамп, кој минатата година беше осуден во случајот за скриени исплати кон порно актерка.

Тој, исто така, изрази уверување дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја „исполни својата страна од зделката“, откако вчера го изрази своето незадоволство од пречките што го забавуваат мировниот договор меѓу Русија и Украина.

– Мислам дека тој ќе го исполни тоа што ми го кажа. И верувам дека сега ќе ја исполни својата страна од зделката. А потоа и (Володимир) Зеленски, се надевам, ќе ја исполни својата, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја спореди…

(Видео) ХРТ сними документарец за трагедијата во…

Хрватската радио телевизија вчеравечер објави документарна емисија…

Марин Ле Пен: Елиминирана сум од претседателската…

Француската политичарка и претседателка на партијата Национален…

Амбасадите на САД во светот предупредуваат: Забранети…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги…

(Видео) Фурнаџија од Нови Пазар гради зграда…

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во српскиот град…