Трендафилов: Илинден е секој ден и секој од нас, затоа што и тогаш и денес, „едните се робје, а другите се царо и царските бегој“

t

,,Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!’ – извадок од Крушевскиот манифест

Илинден не е само празник, Илинден не е само 1903 или 1944, не се само илинденците, не се само асномците, туку Илинден е секој ден и секој од нас, затоа што и тогаш и денес, едните се робје, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, а другите се царо и царските бегој, ефендии и паши, богатите и зулумќарите.

Но, ако тогаш, на Илинден 903 година се дигнеле сите и не чекале на овие што се дигнале да се изборат сами за слободата, тогаш Карев немало да биде Претседател само на Крушевската Република, а во 1944 година, ако сите застанеле заедно зад една идеја, тогаш Ченто немало да биде Претседател на еден дел, туку на цела Македонија за која се залагале Илинденците.

За жал, тогаш, на дело се покажала изреката ,,револуцијата ги јаде сопствените деца”.

Честит Илинден !

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трендафилов: Илинден е секој ден и секој…

,,Ние не само ве имаме како сфои…

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска…

Со кревањето на знамето на Крушевската Република…

БМЗ ја затвора фабриката во Илинден, се…

Германската компанија БМЗ (BMZ Group), која произведува…

Мицкоски од Илинден: Се гради низ целата…

Добро е што се гради. Со овој…

Делови од Илинден и од Карпош денеска…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…