Трендафилов: Ме следат повеќе од една година, исти лица ми ги прислушуваа разговорите по кафулиња!
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk откри дека подолг период е цел на следење и притисоци поради неговата борба за повисоки работнички плати. Иако случајот е веќе во рацете на МВР и Обвинителството, Трендафилов посочи дека се обезбедени видеодокази кои набрзо треба да донесат разрешница.
„Ова не е случај од еден ден, ова трае повеќе од една година, објави 4news.mk Кога ќе излезете на кафе и до вас постојано седнува истото лице да ви го прислушува разговорот, тешко е да верувате во случајности. Скандалозно е што се злоупотребуваат државни ресурси за да се замолчат синдикални лидери само затоа што бараат достоинствен живот за работниците“, истакна Трендафилов.
Тој додаде дека нападите не биле само лични, туку се одело дотаму да се вршат упади во синдикатите и да се упатуваат директни закани кон неговото семејство и децата. Според него, минатата година власта се обидела на сила да создаде „послушен“ репрезентативен синдикат, наградувајќи ги неговите лидери со функции во управни одбори затоа што одбиле да излезат на протести со работниците.
„Пробаа да нè нападнат како колектив, пробаа да нè заплашат преку нашите најмили, но тоа нема да нè обесхрабри. Јас не барам зголемување на мојата плата, туку барам секој работник да го добие она што го заслужил за своето семејство. Сите обиди да нè скршат се безуспешни“, порача првиот човек на ССМ.
Трендафилов заклучи дека борбата за работничките права продолжува со уште поголем интензитет, без оглед на методите што се користат за негова дискредитација и замолчување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трендафилов: Ме следат повеќе од една година,…
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија…
Дојде време да одиме во Косово на…
Сè повеќе македонски работници во изминатите две…
Трендафилов : Партиите само ги менуваат дресовите…
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, упати остри…
Филипче: Власта намерно го блокира европскиот пат…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека…
Мицкоски: Филипче е исплашен од тоа што…
„Јас и македонската јавност ќе го држи…