Трендафилов : Партиите само ги менуваат дресовите – кога се опозиција ги поддржуваат работниците, кога се власт ги одбиваат!
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, упати остри критики до најголемите политички партии, обвинувајќи ги за лицемерие и менување на ставовите зависно од тоа дали се на власт или во опозиција.
Во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4TV.mk, тој посочи дека работниците се само жртва на нивните политички игри.
Трендафилов направи паралела со минатото, потсетувајќи дека кога СДСМ беше на власт, ВМРО-ДПМНЕ ги поднесуваше предлозите на Синдикатот во Собранието. Денес, ситуацијата е обратна – СДСМ како опозиција ги предлага барањата на ССМ, а ВМРО-ДПМНЕ како власт ги одбива.
„Прашањето е каде се политичките партии кога се на власт, а каде се кога се во опозиција? Нивниот непринципиелен однос кон работниците се покажува најдобро кога само ќе ги заменат дресовите. Со ваквото однесување, тие не му штетат на ССМ, туку директно удираат по грбот на работникот,“ порача Трендафилов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трендафилов : Партиите само ги менуваат дресовите…
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, упати остри…
Филипче: Власта намерно го блокира европскиот пат…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека…
Мицкоски: Филипче е исплашен од тоа што…
„Јас и македонската јавност ќе го држи…
(Видео) Телма стигна до ТикТок профилот на…
Телма дојде до профилот на осомничениот сериски…
Телевизија 24: Груби бил под закана од…
Три службени белешки кои по автоматизам од…