Третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици
Психолошките последици кај преживеаните од трагичниот пожар во Кочани се сериозни и долгорочни, покажува најновото истражување на Универзитетската клиника за психијатрија, кое беше претставено на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија во Скопје.
Истражувањето опфатило 50 лица кои биле повредени во пожарот и лекувани со PDL (Pulsed Dye Laser) за третман на лузни. Резултатите покажуваат дека кај една третина од испитаниците е присутна анксиозност, 27,5% покажуваат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСР), а 21,6% се соочуваат со депресија.
„Пожарот во клубот Пулс претставува масовна несреќа од човечки фактор, настан кој според литературата носи значително повисок психијатриски морбидитет од природните катастрофи“, истакна проф. д-р Славица Арсова, директорка на клиниката.
Дури 72% од испитаниците пријавиле загуба на блиска личност, што се покажува како значаен фактор за појава на ПТСР. Истовремено, 96% го наведуваат семејството како главен извор на поддршка, што ја нагласува неговата клучна улога во процесот на опоравување.
Истражувањето исто така покажува дека избегнувачките стратегии – како повлекување, емоционално дистанцирање и негирање – се поврзани со повисоки нивоа на психолошки нарушувања. Жените, според студијата, се особено ранлива група со повисоки показатели на анксиозност, депресија и ПТСР.
„Избегнувањето на проблемот, емоционалното дистанцирање, самодистракцијата, негацијата, како и употребата на психоактивни супстанции и алкохол претставуваат ризични и неефикасни стратегии за справување со траумата“, предупреди проф. д-р Арсова.
ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија најавува продолжување на систематското следење и научното истражување на психолошките последици од трагедијата во Кочани, со цел навремено препознавање, намалување на стигмата и обезбедување соодветна стручна поддршка за сите засегнати граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Третина од повредените во пожарот во Кочани…
Психолошките последици кај преживеаните од трагичниот пожар…
Нафташите алармираат: Европа ќе ја „изеде“ недостиг…
Глобалниот пазар на нафта и деривати се…
Спас за Прилеп: Бехтел и Енка е…
Граѓаните на протестот порачаа дека „Бехтел и…
Волстрит паѓа, нафтата поскапува !
Американските акции паднаа во понеделник, оптоварени од…
Вучиќ му одговори на Милановиќ: „Не сум…
Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи во…