Третиот мобилен оператор официјално се очекува на почетокот на 2026
Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички договор, висока сметка и раскинување на договор со наплата на казнени пенали, се најчестите причини поради кои граѓаните лани се обратиле до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) со барање за решавање спор. До регулаторното тело годинава пристигнати се 346 барања за решавање спор наспроти 363-те регистрирани во 2024 година, изјавија за МИА од АЕК.
Од вкупниот број на донесени решенија, 45 се усвоени, 14 се делумно усвоени, 40 предмети се затворени со меѓувремено постапување од страна на операторот и 109 се одбиени. Останатите барања за решавање на спор биле: непотполни, повторно поднесени или Агенцијата не била надлежна или биле отфрлени.
– Граѓаните ги користат соодветно механизмите за заштита кои ги обезбедува АЕК, велат од регулаторното тело.
Клучни новини што се очекуваат на овој пазар за 2026 година се влез на трет мрежен оператор во мобилната телефонија, ставање во функција на телекомуникациската кула на Водно, воведување на T-DAB,…
Од АЕК сметаат дека 2025-та е позитивна од аспект на развојот на пазарот на електронски комуникации и како што потенцираат, сите параметри кои јавно ги објавуваат на квартално ниво бележат позитивен тренд.
Како што укажуваат, операторите во државава веќе обезбедуваат брзина на пристап преку 5G во просек од околу 340 Mbps во градовите со што веќе се постигнати таргетите од Националниот оперативен бродбенд план, којшто е дел од неодамна промовираната национална ИКТ Стратегија СМАРТ/МК 2030.
– АЕК успешно ги спроведува обврските кои се предвидени во НОБП. Имено, таргетите кои би требало да се постигнат заклучно со 2029, веќе се постигнати. Операторите во просек веќе обезбедуваат брзина на пристап преку 5G во просек од околу 340 Mbps во градовите и околу 120 Mbps на патиштата иако таргетот за 2029 е да се овозможи брзина на пристап од минимум 100 Mbps. Ова ја поставува Македонија секогаш во врвот помеѓу првите 5-10 држави во Европа по квалитет на мрежи, велат од регулаторното тело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Третиот мобилен оператор официјално се очекува на…
Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички…
СДСМ: Нов доказ за акцијата на ВМРО…
СДСМ ја разоткрива координираната акција која ВМРО…
Се крчкаат измени во Законот за извршување,…
Конфедерацијата на синдикални организации обвинува дека Министерството…
ДУИ го обвинува за нечовечки, понижувачки и…
Демократската унија за интеграција најостро и без…
Салиу: Скарани со сите, најслаби од сите,…
Секој народ си ги бира своите лидери,…