Објавено на:

Три лица лишени од слобода, вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

t

На 08.06.2026 во 01:15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.06.2026 околу 23:00 часот во домот физички ги нападнал неговата 37-годишна сопруга и нејзината мајка, при што употребил и тврд предмет, а се заканувал со остар предмет и кршел дел од покуќнината. Откако пристигнал братот на пријавителката, кој претходно го повикала заедно со нејзиниот татко, брат ѝ бил нападнат и каснат од куче домашен миленик на Д.К., кое намерно го пуштил.

На 08.06.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека на 07.06.2026 во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг И.С.(48).

На 07.06.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, 54-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Н.(64).

На 07.06.2026 во 18:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.А.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон неговата 61-годишна мајка, а потоа откако дошла неговата сестра на двете им упатувал закани.

На 07.06.2026 во 08:13 часот во СВР Скопје, Н.М.(73) од Скопје пријави дека околу 02:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во кој што живееле и нејзиниот брат Н.М.(60) и снаа А.М.(42) започнала вербална расправија, а потоа во домот пристигнале и нејзиниот втор брат Р.М. со неговата сопруга и според пријавеното сите физички ја нападнале. Исто така, на 07.06.2026 во 15:00 часот, А.М.(42) пријави дека околу 00:30 часот во домот, по претходна расправија, била физички нападната од Н.М., а потоа откако во домот пристигнале Р.М. и неговата сопруга С.М., Н.М. физички ја нападнала и С.М..

На 07.06.2026 во 23:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ј.(43) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна поранешна сопруга дека забележала повреда кај нивното дете, по поминат викенд со него. Тој бил приведен во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…

Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…

Лишен од слобода насилник од охридско, во…

Судска постапка за пет деца за ужасното…

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…

Го натепале затоа што им рекол дека…

МВР го потврди настанот со претепаното лице…