Трипуновски: Нема намалување на средствата за директни плаќања
Нема кратење во Програмата за директни плаќања. Во изминатите години, вклучително и за време на претходната власт, Програмата што се носела изнесувала околу 100 милиони евра. Никогаш при нејзиното донесување не изнесувала 140 милиони евра“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.
Тој појасни дека Програмата за 2018 година изнесувала околу 100 милиони евра, за 2019 година била во сличен износ, во 2020 година изнесувала околу 70 милиони евра, а во 2021 година околу 60 милиони евра.
-Во 2024 година, кога сегашната Влада ја презеде одговорноста, беше наследена Програма донесена од претходната власт во износ од околу 98 милиони евра. Со ребаланс на Буџетот, износот беше зголемен на околу 115 милиони евра, а во декември беа обезбедени дополнителни средства, со што вкупната вредност достигна околу 137 милиони евра, посочи министерот.
Тој додаде дека најголем дел од средствата од Програмата за 2024 година биле наменети за исплата на заостанати обврски кон земјоделците.
-Сегашната Програма од околу 98 милиони евра не значи кратење на средствата. Дополнителните средства во 2024 година беа обезбедени со цел да се исплатат наследените долгови од претходната власт, нагласи министерот Трипуновски.
Министерот потенцираше дека и во текот на годината, преку ребаланс на Буџетот, се обезбедуваат дополнителни средства за Програмата за директни плаќања, во насока на континуирана и навремена поддршка на земјоделците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трипуновски: Нема намалување на средствата за директни…
Нема кратење во Програмата за директни плаќања.…
„Рамазанска трпеза“ во Тетово – стотици ифтари…
о 14-ти пат, во Тетово се одржува…
„Несериозни се тврдењата дека системот Сејф Сити…
Околу преставките пред Уставен суд за системот…
Туск ги повика Полјаците да го напуштат…
Полска денес ги повика своите граѓани веднаш…
Мицкоски: Во Брисел постои сценарио според кое…
Постои можност Македонија да влезе во Европската…