Тројца скопјани уапсени при обид да подигнат кредит од 900.000 денари со фалсификувани документи
Три лица од Скопје се лишени од слобода поради обид со фалсификувана документација да подигнат кредит во износ од 900.000 денари од банка во Скопје.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал ги лишиле од слобода И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), сите од Скопје.
Според полицијата, тие се сомничат за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“. Имено, И.Т., со помош на другите две лица, со фалсификувана лична карта со податоци на друго лице и со фалсификувана кредитна документација, се обидел да побара и да подигне кредит во висина од 900.000 денари во една од банките во Скопје.
Во моментот кога фалсификуваната документација била процесуирана во банката, полициските службеници ги лишиле од слобода осомничените.
Во координација со дежурен јавен обвинител, тројцата биле изведени пред судија на претходна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца скопјани уапсени при обид да подигнат…
Три лица од Скопје се лишени од…
74-годишен маж мастурбирал пред малолетно девојче
74-годишен маж од Пробиштип мастурбирал пред малолетно…
Две лица од гостиварско приведени за организирање…
Две лица од гостиварскиот регион се лишени…
Момче можело да загине во Штип, се…
21-годишно момче, кое било сопатник во автомобил…
Ограбена потстаницата на Македонски железници во Драчево
Полицијата во Скопје вчера добила пријава од…