Тројца членови криминалната група Беланоца добија високи казни – еден од нив ќе лежи 20 години затвор
Тројца членови на криминалната група Беланоца вчера беа осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, објави „Телма“.
Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер.
Оки беше ликвидиран во јули 2023 година додека бил на одмор во Ханиоти Грција, кога маскирани лица од возило во движење го застрелале приближувајќи се до апартманот во кој бил сместен и пукајќи низ прозорец. Еден ден пред убиството на Орхан Бајрами на Халкидики, тоа беше најавено на платформата „Тик-Ток“ од профил кој подоцна беше избришан. На објавата пишуваше дека тој е следен на листата за ликвидација, а потоа и дека работата е завршена. На истиот профил претходно беа најавувани и други ликвидации.
Пејачот и блогер Амар Исмани пак загина во пукање на улицата „Пластичарска“ во Скопје во мај 2024 година. Тој им подлегна на повредите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје откако претходно беше застрелан.
Третиот обвинет бил осуден на 4 години за кривичното дело изнуда.
Спред објавата на „Телма“, судењето за лидерот на Беланоца, Фатљум Ајети Тоти било се уште во тек, како и за други членови на неговата банда кои се гонат за најмалку 8 убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани, палење објекти и автомобили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца членови криминалната група Беланоца добија високи…
Тројца членови на криминалната група Беланоца вчера…
Вештаци во судот за пожарот во „Пулс“:…
„Температура во клубот („Пулс“) има достигнато минимум…
Ердоган: Турција ќе спречи да се повтори…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави…
Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување…
Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ –…
Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка…
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по…