Објавено на:

Турција отвори специјализирани клиники за одвикнување од пушење кај младите

t

Турското Министерство за здравство соопшти дека отвори нови специјализирани клиники кои ќе обезбедуваат индивидуализирано лекување и советување за млади на возраст од 12 до 18 години што сакаат да се откажат од пушењето, објави весникот „Дејли сабах“.

Новите клиники за одвикнување од пушење кај адолесцентите се наменети да одговорат на биолошките, психолошките и социјалните потреби на тинејџерите, кои, според здравствените власти, стануваат сè поранливи на никотинска зависност поради притисокот од врсниците, влијанието на социјалните мрежи и полесниот пристап до новата генерација никотински производи, вклучително и електронските цигари.

Во моментов вакви специјализирани клиники работат во седум центри во турските области Агри, Анкара, Бурса, Чанакале, Чорум и Ќутахја, а Министерството за здравство планира постепено проширување на мрежата низ целата земја.

Во рамките на пошироката национална програма за борба против пушењето, во Турција во последните години се отворени вкупно 1.600 клиники кои обезбедуваат поддршка за граѓаните што сакаат да се ослободат од оваа зависност.

Неодамна весникот „Хуриет дејли њуз“ објави дека владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и Министерството за здравство подготвиле предлог-закон со кој се предвидуваат нови ограничувања за пушачите, вклучително и целосна забрана за продажба на сите тутунски производи во Турција од 1 јануари 2040 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција отвори специјализирани клиники за одвикнување од…

Турското Министерство за здравство соопшти дека отвори…

И натаму хаос во Гостивар: „Комуналец“ вели…

И понатаму владее хаос со водата во…

Кој е Енди Барнам, новиот лидер на…

Енди Барнам денес официјално беше именуван за…

Притвор за сопругот на Димитровска која наплаќаше…

Откако Стојна Димитровска најави на социјалните мрежи…

Уапсен маж во Унгарија: Бркал 22 годишна…

Педесетгодишен маж е уапсен во Унгарија откако…