Објавено на:

Турција ѝ донирала на Албанија 50 дронови камикази

t

Системот е дизајниран за прецизни напади врз радари, системи за воздушна одбрана и стратешки цели. Камикази дроновите се во воздухопловната база во Кучово, објавија медиумите.

Според податоците објавени во меѓународната база на податоци SIPRI Arms Transfers, Албанија добила 50 камикази дронови YIHA-III, произведени од турската одбранбена индустрија.

Во оваа база на податоци, овие дронови се класифицирани како „loitering munition“, вид муниција што може да остане во воздух долго време, а потоа прецизно да ја погоди целта. Системот е дизајниран за прецизни напади врз радари, системи за воздушна одбрана и стратешки цели. Камикази дроновите се во воздухопловната база во Кучово,   објавија албанските медиуми.

Албанскиот премиер Еди Рама претходно изјавил дека овие дронови се подарок од Турција, во рамки на стратешката соработка меѓу двете земји.

Од Министертвото за одбарана изјавиле дека зајакнувањето на воените капацитети на Албанија има за цел да ја зголеми безбедноста и придонесот кон НАТО, а не да ги загрози соседните земји.

Според истата база на податоци, Албанија продолжува да ја модернизира својата армија со друга опрема. Планот вклучува и купување на 20 оклопни возила LMV-2, произведени од италијанската компанија Iveco Defense Vehicles, кои се регистрирани со година на нарачка 2025 година, додека нивната испорака се очекува да се случи во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција ѝ донирала на Албанија 50 дронови…

Системот е дизајниран за прецизни напади врз…

НАТО собори трета балистичка ракета од Иран…

Турското Министерство за одбрана соопшти дека балистичка…

(Видео) Сирени во базата на НАТО во…

Сирени се огласија рано наутро во петокот…

Вучиќ и Рама со нов предлог до…

Во заеднички авторски текст за „Франкфуртер алгемајне…

Силен земјотрес во Турција

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени е…