Уапсен Босанец кој на патарината „Петровец“ платил со фалсификувана банкнота од 10 евра

t

Лишен од слобода државјанин на Босна и Херцеговина кој платил патарина со фалсификувана банкнота од 10 евра.

Како што информираат од МВР, вчера (14.10.2025) во 16:50 часот на патарина „Петровец“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.А.(28) од Босна и Херцеговина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик.

Имено, тој на патарината поминал со товарно возило со босански национални ознаки и притоа платил со банкнота од 10 евра за која вработениот се посомневал дека е фалсификувана.

Банкнотата била одземена за понатамошна постапка, а тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) НБРМ предупредува: Лажни банкноти од по…

Забележана е појава на фалсификувани банкноти од…

Ама нeма инфлaциja: НБРМ нарача 30 милиони…

НБРМ нарача 30 милиони парчиња нови банкноти,…