Уапсен возач на камион, усмрти велосипедист во Гостивар
Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.
Според информациите на МВР, денеска околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.
И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен возач на камион, усмрти велосипедист во…
Полицијата го уапси возачот кој денеска со…
СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот…
„Свиркачи од Министерството за здравство информираат дека…
Поради инцидентот во Охрид, Дејан Манасков суспендиран…
Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија…
Крмов до Гаши: Неделовнички ставате Закони на…
Процедурално обраќање на пратеникот Борислав Крмов до…
Тетовчанец ја истепал сопругата – полицијата поднесе…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.К.(33)…