Уапсен е 19-годишник од Батинци – со група малолетници нападна млад скопјанец
МВР информира дека вчера во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(19) од с. Батинци, скопско, по претходна пријава дека завчера вечерта околу 22:20 часот на подрачјето на Центар, заедно со други малолетни лица од Скопје, физички го нападнале М.Ч.(19) од Скопје.
Исто така, полициските службеници од СВР Скопје извршија службен разговор во полициска станица со тројца малолетници, во присуство на родители и адвокат.
По целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава по итна постапка против Д.Р., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 од Кривичниот законик, а исто така и против малолетните лица ќе биде поднесена кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 19-годишник од Батинци – со…
МВР информира дека вчера во Полициската станица…
Турција ќе претрпи милионски загуби: Русија го…
Русија од денеска привремено го ограничува увозот…
Утре на финалето: Борбени авиони Ф-16, снајперисти…
Соединетите Американски Држави ќе преземат посебни безбедносни…
Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со…
МВР истражува случај на врсничко насилство во…
„Марш за ангелите“ во Кочани: Предметот „Пулс“…
Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“…