УАПСЕН Е АРТАН ГРУБИ!

t

Утрово припадници на МВР го уапсиле Артан Груби на граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово во 06:10 часот на граничниот премин Блаце е лишен од слобода поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Според информациите од МВР, на 23 февруари 2026 година, при влез во Република Северна Македонија, Груби (роден на 7 јуни 1977 година), за кого била активна мерката „апси“, бил приведен и задржан за понатамошна постапка. објави Скопје1.мк

Груби се терети за кривично дело „проневера во службата“ бидејќи заедно со Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија на Македонија нарачале ВЛТ апарати и проневериле 8,2 милиони евра државни пари. Груби ја раководител владината седница и го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.

Груби ја напушти Македонија во 2024 година по што за него беше распишана меѓународна потерница. Стејт Департментот на САД го стави Груби на црната листа заедно со судијата Енвер Беџети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УАПСЕН Е АРТАН ГРУБИ!

Утрово припадници на МВР го уапсиле Артан…

Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички…

Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела…

Се инспирирал од масовно убиство во САД…

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба…

Претреси во Охрид, Кавдарци и Велес, пронајдена…

На 13.02.2026 во 11:00 часот во Охрид,…

Уапсен 23-годишен скопјанец кај него пронајдени дрога,…

На 03.02.2026 во 22:50 часот полициски службеници…