Уапсен Македонец на преминот Прешeво
Македонецот Х.К (31) e уапсен од српската гранична полиција откако на преминот Прешево му запленила недозволена колична електронски цигари, пренесува Н1.
Српското Министерство за внатрешни работи информира дека при преглед на возилото на осомничениот, граничните полицајци во багажниот простор пронашле 1.303 парчиња електронски цигари „вејп“ од различни марки, кои ги транспортирал без дозволи и одобренија издадени од надлежните органи на Србија.
„Се сомневаме дека цигарите биле наменети за понатамошна продажба, а на овој начин буџетот на Србија е оштетен за околу 1,3 милиони динари (110.000 евра)“, соопшти српското МВР.
Државјанинот на Македонија ќе биде приведен во надлежното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Македонец на преминот Прешeво
Македонецот Х.К (31) e уапсен од српската…
На граничниот премин Прешево спречен шверц на…
Српските цариници на граничниот премин Прешево со…