Уапсени две лица кои пукале со пиштол на семејна веселба
Повторно пукање во Македонија. Овој пат за време на семејна веселба во Долнени.
– На 02.01.2026 околу 09:30 часот во село Лажани, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово ги лишија од слобода М.С.(36) и С.Б.(29), двајцата од село Лажани, информираа од МВР.
Како што појаснуваат оттаму, М.С. со возило „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки и Б.С. со возило „мерцедес“ со германски национални ознаки биле дел од колона возила за семејна веселба и притоа од возилата испукале повеќе куршуми од огнено оружје. Притоа, од М.С. се одземени гасен пиштол „Reaty Eagle“ со 40 куршуми калибар од 9мм, додека од Б.С. се одземени гасен пиштол „Walther“ со 12 куршуми калибар 9мм.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена албанска нарко организација – уапсени 14…
Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран…
ЈОРМ за уапсените денес: Злосторничко здружување за…
Наредба за спроведување на истражна постапка против…
Голема полициска акција во моментов во Скопје,…
Голема полициска акција во моментов се одвива…
(Видео+Фото) Протести во Приштина, полицијата со шок…
Денес имаше демонстрации во Приштина. Полицијата се…
16 лица, од кои 7 малолетници, уапсени…
На 26.05.2022 на повеќе локации во Борула,…