Објавено на:

Уапсени трите лица за бруталниот напад врз 14-годишник во Ченто

t

Уапсени се трите лица за бруталниот напад врз 14-годишник во ЧентоПолицијата ги уапси трите лица осомничени за бруталниот напад врз 14-годишно момче во скопската населба Ченто, при што жртвата беше претепана и повеќепати избодена со нож.

Според информациите, инцидентот се случил откако малолетникот бил повикан да се сретне со познаници во парк, каде наместо нив се појавиле тројца возрасни лица кои веднаш започнале со физички напад. Тој бил претепан, а потоа избоден неколку пати и оставен повреден на местото.

Случајот го потврди МВР, од каде информираат дека осомничените се лишени од слобода и дека по целосно документирање ќе биде поднесена кривична пријава.

– Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ј., В.А. и В.С. од Скопје затоа што на 22.06.2026 околу 23:05 часот на подрачјето на Гази Баба, физички нападнале малолетно лице и му нанеле повреди со остар предмет. Со нив се извршени службени разговори и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.

Жртвата е пуштена на домашно лекување, но семејството наведува дека сè уште живее во страв и бара случајот да се третира како обид за убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени трите лица за бруталниот напад врз…

Уапсени се трите лица за бруталниот напад…

Тетовец летал со 177 на место каде…

На 01.07.2026 во 18:00 часот на патот…

Загина 56 годишен кавадарчанец – со камионот…

МВР информира дека вчера во СВР Велес…