Уапсени тројца скопјани, краделе во Велес
На 11.07.2026 во 12:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода С.С.(32), М.Х.(22) и Б.Ј.(19) сите од Скопје. Претходно, 39-годишна велешанка пријавила дека забележала две машки лица кои го напуштаат објектот каде била вработена со поголема количина на роба и кога се упатила кон нив, истите се дале во бегство, по што влегле во патничко возило и го напуштиле местото, а пријавителката забележала дека од објектот биле одземени повеќе предмети.
Набргу, по преземени мерки, полициски службеници од СВР Велес сопреле патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С., а сопатници биле М.Х. и Б.Ј. и при преглед одземеното било пронајдено во возилото и вратено на сопственикот.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени тројца скопјани, краделе во Велес
На 11.07.2026 во 12:30 часот во Велес,…
Построги правила за загадувачите од 2027: Општините…
Инвестициите во подобрување на системот за управување…
Дете повредено при пресретнување на ирански ракети…
Три лица, меѓу кои и едно дете,…
Унгарија нема да и испраќа оружје на…
Потпретседателката на унгарската влада и министерка за…
Силно невреме во Словенија: Возачите се криеја…
Силно невреме проследено со град, бурен ветер…