Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години

t

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, соопшти ТВ БФМ. Пешакот бил повреден во раката, а осомничениот во вратот, но според обвинителот Жан Мишел Бурле, „и двајцата без значителни последици“. Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси напаѓачот.

По апсењето, осомничениот признал дека го убил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години. Според обвинителот, осомничениот нема криминално досие, но има „психијатриска историја“. Во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде задржан во притвор.

Отворена е истрага за убиство со умисла, изјави обвинителот. Во Франција, фемицидот е трагична реалност која се случува во просек на секои три дена. Во 2023 година, повеќе од 60 деца беа убиени од своите родители, според податоците на здружението Voa d-lanfan, кое ги брои убиствата врз основа на случаи објавени во медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство…

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој…

СЕ ОГЛАСИ ДУРОВ, првпат по апсењето во…

Основачот на Телеграм, Павел Дуров се огласи…

Франција доби премиер: Конзервативниот политичар вети промени,…

Новиот француски премиер Мишел Барние најави нова…

Рот: Ова не е моја Европа

Германскиот политичар Михаел Рот не е задоволен…

Основачот на Телеграм пуштен на слобода за…

Основачот на Телеграм, Павел Дуров е ставен…