Објавено на:

Украина изврши напад со дронови на руска територија – гори хемиска фабрика во Казан

t

Голем пожар е предизвикан денеска од напад на украинско беспилотно летало врз енергетски објект во Казан, Русија, при што горат резорвоари со гас, соопшти локалната власт преку Телеграм.

Посочено е дека нема повредени, но и дека претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов го посетил местото на пожарот.

„Голем пожар беше предизвикан денеска од напад на украинско беспилотно летало врз енергетски објект во Казан, Русија“, пишува во соопштението на локалните власти.

Според информациите од Телеграм, оваа фабрика е единствениот руски производител на исклучително силни пластични материјали, а воедно е и еден од најголемите производители на полиетилен со висока и ниска густина во Русија.

Поради овој напад аеродромите во Казан, Саратов, Пенза и Улјановск се привремено затворени, а еден час претходно се одложени летовите на аеродромите во Калуга и Тамбов.

Претходно е нападната уште една руска хемиска фабрика во пограничниот регион Брјанск. Се смета дека најверојатно била погодена од ракети со долг дострел што Украина ги добила од САД.

На социјалните мрежи се објавени видеа од пожарот.

Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со дрон врз Русија. Според руски извори, во Тула била погодена воена болница, а украински беспилотни летала биле забележани и во близина на Енгелс во Саратовската област, каде се наоѓа базата на руските стратешки бомбардери.

Според Телеграм, Москва соборила повеќе од 200 украински беспилотни летала и пет балистички ракети АТАЦМС од американско производство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Haпаднат пoлицаец на протестите во Белград:Стравични…

Откако групата блокатори по вечервашниот ненајавен протест…

Овој дел од лубеницата е корисен за…

Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…

(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…

Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…

Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…

Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…

iPhone 17 Air ќе има батерија од…

Веќе подолго време се знае дека iPhone…