Украина им плаќа на војниците да замрзнат сперма за да ја спасат иднината на нацијата
Соочена со тешка демографска криза, која руската инвазија дополнително ја продлабочи, Украина почна програма со која им плаќа на војниците да замрзнуваат сперма за да ја обезбедат иднината на нацијата. Максм, 35-годишен член на Националната гарда, е еден од оние што ја искористија таа можност. Неодамна, за време на одморот, тој отишол во клиника во Киев на барање на неговата сопруга и оставил примерок од сперма, кој бил бесплатно замрзнат.
– Нашите мажи умираат. Украинскиот генски фонд исчезнува. Ова е прашање на опстанок на нашата нација, вели тој во телефонски разговор со Би-би-си.
Максим додава дека замрзнатата сперма би можела да биде клучот за основање семејство без оглед на исходот од војната, зашто без разлика дали сте на нултата точка на фронтовската линија, или 30 или дури 80 километри зад неа, нема гаранција дека сте безбедни, со оглед на тоа што руските беспилотни летала постојано летаат над областа.
–Тоа значи стрес, а ефектот е – репродуктивниот капацитет се намалува. Мораме да мислиме за нашата иднината и за иднината на нашата украинска нација, вели тој.
Приватните клиники за асистирана репродукција почнаа да нудат криопрезервација за војници и жени во 2022 година, на почетокот на руската инвазија на Украина. Тие можат бесплатно да замрзнат сперма или јајце клетки во случај да бидат повредени или нивната плодност да се наруши. Следната година, на процесот се приклучи и парламентот, регулирајќи ја практиката и обезбедувајќи државно финансирање.
– Нашите војници ја бранат нашата иднина, но можат да ја изгубат својата, затоа сакавме да им ја дадеме таа можност, вели пратеничката Оксана Дмитриева, која учествуваше во подготвувањето на законот, објави Би-би-си.
Првичниот предлог предизвика бурна реакција на јавноста бидејќи предвидуваше дека сите примероци ќе бидат уништени во случај на смрт на донорот. Ова стана познато кога една воена вдовица се обиде да зачне со помош на замрзнатата сперма на нејзиниот сопруг, а не ѝ беше дозволено. Законот потоа беше изменет така што сега сите примероци од војниците се чуваат бесплатно до три години по нивната смрт и се достапни за партнерот со претходна писмена согласност.
Програмата има и поширока демографска димензија. Дури и пред руската инвазија, Украина имаше сериозна демографска криза, а војната ја направи уште полоша. Голем број мажи, меѓу кои најмладите и најздравите, загинаа на бојното поле. Во исто време, милиони луѓе, претежно жени, ја напуштија земјата како бегалци. Четири години подоцна, многумина сè уште се во странство бидејќи животот во Украина не станува полесен.
Државниот центар за репродуктивна медицина во Киев почна да прима војници во програмата за замрзнување сперма во јануари. Досега, само десет од нив аплицирале, но клиниката очекува зголемување на интересот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина им плаќа на војниците да замрзнат…
Соочена со тешка демографска криза, која руската…
ДУИ му поднесе кривична на Филков
ДУИ му поднесе кривична пријава на министерот…
Поради врнежите од дожд свлечиште на патот…
Општина Тетово ги известува граѓаните да бидат…
Сообраќајна несреќа на автопатот Миладиновци-Штип, три лица…
На 16.02.2026 во 16:50 часот во ОВР…
„Макам-транс“: Активно бараме решение за проблемите со…
Од Асоцијацијата „Макам-транс“ велат дека активно учествуваат…