Украински дронови го таргетираа Санкт Петербург, Русија го нарече нападот „без преседан“
Украинскиот претседател Владимир Зеленски на социјалната мрежа Икс соопшти дека украинските сили погодиле руски воени складишта и поморска база, што го нарече оправдан одговор на руските напади.
Зеленски објави дека е „време да се стави крај на оваа војна“, но го обвини рускиот лидер дека сака „да продолжи да војува“.
Тој напиша дека украинските дронови прелетале околу 1.000 километри до регионот на Санкт Петербург, таргетирајќи ги „арсеналите на непријателската морнарица и базата во Кронштат“, главното упориште на Балтичката флота на руската морнарица.
Ова се случува еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин на годишниот економски форум на Русија што се одржува во Санкт Петербург изјави дека нема смисла да се сретне со Зеленски, кој претходно повика на директни разговори за завршување на војната.
Руските власти соопштија дека Украина извршила напад „без преседан“ врз и околу Санкт Петербург, додека градот е домаќин на последниот ден од Форумот. Од Москва тврдат дека повеќе од 140 дронови биле соборени над околниот Ленинградски регион, изјави гувернерот Александар Дрозденко, додека гувернерот на градот, Александар Беглов, за првпат од почетокот на војната ги повика жителите да останат во своите домови.
Дрозденко изјави дека украинските напади предизвикале пожар во неименуван воен објект и дека жителите биле евакуирани. Тој додаде дека на неколку згради им била нанесена „незначителна“ штета.
Според Зеленски, пак нафтено складиште во јужниот регион Краснодар, оддалечено околу 500 километри, исто така било погодено во рамките на украинските „долгорочни санкции“ – термин што Киев го користи за нападите врз цели на руска територија.
Овие најнови напади следуваат по украинските удари во околината на Санкт Петербург само неколку дена претходно, кога започнуваше главниот руски економски форум.
Форумот, чија цел е привлекување странски инвестиции во Русија, собра илјадници гости од 130 земји, меѓу кои и делегација од САД со понизок профил.
Во четвртокот Зеленски повика на прекин на огнот и директни разговори лице в лице со Путин за да се стави крај на војната, која започна со целосната руска инвазија врз Украина во 2022 година.
Во отворено писмо тој напиша дека би било „погрешно едноставно да се чека“ конфликтот повторно да го привлече вниманието на САД.
Говорејќи на економскиот форум во петокот, Путин го одби барањето за средба и го повтори својот став дека примирјето само би ѝ овозможило на Украина да се прегрупира. Тој рече дека војната ќе заврши само кога ќе бидат исполнети целите на Русија.
Долгогодишната позиција на Москва е дека Украина треба да се повлече од регионите Донецк, Луханск, Херсон и Запорожје, како и да се откаже од своите напори за членство во NATO. Украина, пак, одбива да се откаже од која било своја територија, тврдејќи дека какви било отстапки кон Москва би ја охрабриле Русија во иднина повторно да изврши инвазија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински дронови го таргетираа Санкт Петербург, Русија…
Украинскиот претседател Владимир Зеленски на социјалната мрежа…
Закажани се завршни зборови за второто судење…
Вишиот суд во Белград заврши со презентирањето…
Си-ен-ен: Израел тајно распореди сили во Азербејџан
Си-ен-ен објави истражување во кое тврди дека Израел за…
СЗО: Еболата се шири со голема брзина
Новите податоци, вклучени во дневниот извештај за…
Млад возач прегази 78-годишна жена во Скопје
Седумдесет и осумгодишна жена е тешко повредена…