Украинските власти тврдат дека пресретнале руска хиперсонична ракета
Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека пресретнала руска хиперсонична ракета „3M22 циркон“ над Киев, пренесоа денеска украинските медиуми на социјалните мрежи.
Украинската војска наведува дека и претходно соборила една од овие ракети.
Ракетата „3M22 циркон“ (НАТО ознака SS-N-33) е еден од трите хиперсонични проектили за кои Русија тврди дека е практично невозможно да се пресретнат.
Додека „циркон“ може да достигне голема брзина во фазата на крстарење, таа брзина може да биде помала во завршната фаза, што ја прави ракетата ранлива на модерните системи за противракетна одбрана, како што се „Патриот“ или европскиот систем САМП/T.
Украинската војска наведе дека патеката на ракетата е попредвидлива отколку што беше најавено, и покрај руските тврдења за нејзината брза промена на насоката и брзината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинските власти тврдат дека пресретнале руска хиперсонична…
Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека пресретнала руска…
Сиљановска-Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и…
Меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и…
Капиштец повеќе од шест часа без вода,…
Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе…
Тензии во Женева: Трамп го предупреди Иран…
Нов рундa преговори за иранската нуклеарна програма…
Вечерва низ цела Србија се одржуваат протести…
По бруталните сцени на насилство што беа…