Упад во студиото на Инфомакс среде „Тешки Муабети“: Повиците за насилство од власта резултираа со физички напад и закани по живот врз екипата на Инфомакс

t

Во 23 и 45 часот додека траеше емисијата „Тешки Муабети“ се случи голем инцидент во студиото на Инфомакс каде непознато лице упадна во студиото среде подкаст.

Имено лицето најпрво почна да навредува, да се заканува по живот за потоа да ја скрши вратата од дворот која е со шифра, а потоа да ја скрши и влезната врата од студиотo каде се обиде физички да се пресмета со присутните.

Нападот е снимен од надзорните камери како и со уште една камера.

Повиците за насилство од претставници и симпатизери на власта резултираа со најголемиот инцидент во медиум во историјата на независна Македонија, физички напад во живо додека трае програма.

Очекуваме сите надлежни институции да ја водат постапката до крај, но очекуваме и сите колеги новинари и медиумски здруженија да се солидаризираат затоа што медиумите се основа на едно демократско општество.

Им благодариме на илјадниците луѓе кои што излегоа со поддршка за Инфомакс, слободната мисла и правото на слобода на говор.

Што и да се случи Инфомакс ќе продолжи со работа со најбрзи информации и без цензура!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Упад во студиото на Инфомакс среде „Тешки…

Во 23 и 45 часот додека траеше…

Макрадули: Денешната Влада, како да пишува римејк…

Препукувањата на тема мигранти не стивнува. Овој…

Трамп го нападна „Њујорк тајмс“ поради текстот…

Иако детална статија на „Њујорк тајмс“ за…

Владата ќе купува нов авион

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Се пишмани: Нема Новогодишна кошница, таквите мерки…

Граѓаните не треба да очекуваат било каква…