Уставен ги поништи законските измени за намалувањето на платите на судиите
Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница на која го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.39/2026).
При конечното одлучување за поништување на Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година, како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската независност и самостојност на судството, како составен дел од уставно загарантираната независност на судската власт, како и темелните вредности на уставниот поредок, владеењето на правото и поделбата на власта.
По поведувањето постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите, Собранието наместо да постапи согласно ставовите на Уставниот суд изразени во Решението за поведување постапка од 24 декември 2025 година, изврши ново намалување на коефициентите на платите на судиите, па Судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите од 25 февруари 2026 година и истиот да го поништи како спротивен со член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 4, членовите 51 и 54 и Амандманот XXV на Уставот на Република Северна Македонија.
Коефициентите за утврдување на платите на судиите беа намалени два пати во 2024 година и повторно во февруари 2026 што според Судот, укажува дека постои тенденција на намалување на реалниот износ на судиските плати, што создава опасност за загрозување на нивната материјална положба, а со тоа и загрозување на независноста и самостојноста на судството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ: Бараме раст на платите веднаш!
На годишно ниво инфлацијата изнесува 4,5 проценти,…
Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата…
„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините…
Синдикатот на полицијата бара покачување на платите…
Синдикатот на полиција во Македонија упати барање…
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…