Уставен со истиот одговор до пензионерите што протестираат како и до Мицкоски: Линеарното зголемување на пензиите не е укинато

t

Истиот одговор со кој реагираа на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски на 27 ноември, Уставниот суд го упати и до пензионерите што денеска се собраа пред зградата каде што се наоѓа Судот за да протестираат против можноста од укинување на линеарното зголемување на пензиите.

„Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување)“,се вели во соопштението од Уставен.

Оттаму укажуваат дека на 24. седница што се одржа на 19 ноември, Судот со мнозинство гласови изразил сомнеж за уставноста на членот 2 од Законот, но дека сè уште во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот.

По ова, како што рекоа од Уставен на 27 ноември, ќе следува конечна одлука.

Од Судот тогаш посочија дека јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање.

Во врска со тоа дали е поведена постапка за сите линеарни покачувања што досега им се исплатени на пензионерите, од Уставен информираа дека Судот нема да ги преиспитува одредбите што го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2 500 денари, кои се исплатени во септември 2024 и март 2025 година.

„На седницата која се одржа на 19 ноември Судот  ја отфрли иницијативата за преиспитување на членовите 3 и 18 кои го регулираа тоа прашање, поради фактот што тие беа од темпорален карактер и не се повеќе дел од правниот промет“,беше наведено во соопштението од Уставен, на кое се повикаа и денеска.

Уставниот суд ова соопштение првично го објави откако премиерот Христијна Мицкоски во четвртокот на седницата за пратенички прашања од собраниската говорница рече дека Судот веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии.

Мицкоски тогаш кажа дека одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите веќе била потпишана од страна уставната судијка Добрила Кацарска, која пред Уставниот суд ја иницира оваа постапка, за оцена на уставноста на последните законски измени со кои пензионерите добија по илјада денари линеарно зголемување во септември, а исто толку треба да добијат и во март идната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со…

„Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со…

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме…

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од…

Најчевска: Почнаа наддавањата на големите партии кој…

Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук пишува дека…

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…