Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

t

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја.

Во фокусот на средбата беа разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство. На средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалните односи меѓу двата уставни суда преку интензивирање на меѓусебната комуникација, размена на добри практики и организирање идни заеднички активности од заемен интерес.

Посебен акцент беше ставен на претстојните активности во рамките на Балканскиот форум на уставни судови (BCCF), како и на можностите за понатамошна меѓународна афирмација на Форумот во пресрет на европските и светските конгреси на уставните судови.

Претседателот Костадиновски го запозна претседателот Озкаја со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд на Република Македонија, како и со активностите што Судот ги презема за унапредување на транспарентноста, отвореноста кон јавноста и справувањето со дезинформациите, лажните вести и манипулациите поврзани со неговата работа. Воедно, претседателот Костадиновски изрази благодарност до Уставниот суд на Република Турција и до Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за континуираната поддршка што ја обезбедуваат за Уставниот суд на Република Македонија.

„Уставните судови, преку заемна соработка и размена на искуства, придонесуваат кон јакнењето на владеењето на правото, независноста на уставното судство и заштитата на уставните вредности. Искрено ја цениме подготвеноста на Уставниот суд на Република Турција за натамошно продлабочување на нашите односи и заедничко дејствување во рамките на меѓународните уставносудски иницијативи. Истовремено, за нас е особено значајно што имаме искрен партнер кој ја поддржува модернизацијата, транспарентноста и институционалниот развој на Уставниот суд“, изјави претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски.

Средбата е дел од континуираните активности на Уставниот суд насочени кон зајакнување на меѓународната институционална соработка, унапредување на билатералните односи со сродните институции и афирмација на улогата на Уставниот суд на Република Македонија на меѓународен план.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уставните судови на Македонија и Турција ќе…

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија,…

Скопскиот Кривичен суд се чисти од старите…

Скопскиот Кривичен суд за една година успеал…

Вечерва се игра големото финале на СП:…

Шпанија и Аргентина вечерва на стадионот во…

Англија доби спектакуларна битка за бронзата, ја…

Фудбалерите на Англија го освоија бронзениот медал…

Поранешна асистентка на Епстајн: ги контролираше жените…

Поранешна асистентка на осудениот сексуален престапник Џефри…