УСЈЕ го исфрли алтернативното гориво, деновиве ќе се знае дали и колку загадува
Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, на брифингот со новинарите рече дека вечерта на 15 кон 16 март била направена вонредна контрола на инсталацијата на Цементарницата „Усје“ од страна на инспектор од Град Скопје, државен инспектор и инспектор од внатрешноста и се земени мостри за емисии од сулфур диоксид, NOx и прашина.
– Иако ни кажаа дека веќе не користат алтернативни горива во процесот на производство, ние, за да провериме, меревме присуство во воздухот и на тешки метали. Мострите се доставени до акредитирана лабораторија и деновиве ќе ги имаме резултатите, рече Гиновска.
Дополнително, на брифингот беше најавено дека наскоро ќе има јавна расправа за новата „А“ интегрирана дозвола на Цементарницата „Усје“. Министерот Муамед Хоџа нагласи дека компаниите што поседуваат ’А’ интегрирана еколошка дозвола имаат законска обврска самите да вршат мерења на индустриските емисии што ги испуштаат и податоците да ги доставуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање кое, пак, ќе ги објавува во Дигиталниот регистар за загадувачи кој ќе биде воспоставен наскоро
Компаниите што поседуваат „А“ интегрирана еколошка дозвола имаат законска обврска самите да вршат мерења на индустриските емисии што ги испуштаат и податоците да ги доставуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање, кое, пак, ќе ги објавува во Дигиталниот регистар за загадувачи кој наскоро ќе биде воспоставен. Како што беше посочено на денешниот брифинг со новинарите, регистарот ќе обезбеди навремени, сигурни и споредливи информации за јавноста и ќе создаде дополнителен притисок врз компаниите за почитување на еколошките стандарди.
– Не станува збор само за техничко решение, туку за суштинска алатка за зголемување на одговорноста. Преку јавна достапност на податоците, граѓаните ќе имаат увид во влијанието на индустријата врз животната средина – истакна министерот Муамед Хоџа.
Со новиот систем ќе бидат опфатени сите компании со „А“ интегрирана дозвола, кои ќе имаат обврска редовно да објавуваат податоци за емисиите во воздухот, но и за водата и за почвата, како и за преносот на отпад и потрошувачката на енергија, вода и суровини. Овие обврски се дел од подготовките за новиот Закон за индустриски емисии, кој ќе стапи во сила во 2027 година.
Мониторингот на емисиите е обврска на компаниите
Хоџа истакна дека Министерството, во наредниот период, ќе организира средби со операторите за да ги информира за новите законски обврски и да ја олесни нивната адаптација. Беше посочено дека мониторингот на емисиите останува обврска на компаниите, кои ќе ги сносат и трошоците за анализите, додека државните институции ќе вршат контроли при сомневање за нерегуларности или при видливо загадување, согласно со европските практики.
Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, посочи дека во Македонија има 120 индустриски инсталации со „А“ интегрирана дозвола и дека нема доволно средства сите да се контролираат, иако законска обврска е барем најмалку еднаш годишно инспекторатот да изврши контрола.
– Ние сме сиромашен инспекторат со буџет од 600 илјади денари, а само едно мерење чини околу 200 илјади денари и бара ангажман од 6 до 8 часа. Треба да има методологија на ризици, не можеме секаде да направиме контрола, а некаде каде што има индиции дека има промена на бојата на чадот или има непријатен мирис, правиме контроли и по неколку пати. Тоа треба да биде испланирано, а не само да правиме притисок врз индустријата и да им бараме грешка, ако навистина ја нема – истакна Гиновска.
Таа рече дека вечерта на 15 кон 16 март била направена вонредна контрола на инсталацијата на Цементарницата „Усје“ од страна на инспектор од Град Скопје, државен инспектор и инспектор од внатрешноста и се земени мостри за емисии од сулфур диоксид, NOx и прашина.
– Иако ни кажаа дека веќе не користат алтернативни горива во процесот на производство, ние, за да провериме, меревме и присуство во воздухот и на тешки метали. Мострите се доставени до акредитирана лабораторија и деновиве ќе ги имаме резултатите – рече Гиновска.
Дополнително, на брифингот беше најавено дека наскоро ќе има јавна расправа за новата „А“ интегрирана дозвола на Цементарницата „Усје“. Беса Татеши, раководителка на секторот за индустриско загадување, рече дека процедурата за издавање дозволи е јасна – дека Министерството за животна средина ги издава дозволите, а јавноста, односно невладиниот сектор може да се вклучи со свои предлози и коментари за да се спроведе транспарентна постапка бидејќи „тие се партнер во зачувувањето на животната средина“.
Заменето греењето во 20 јавни објекти од вкупно 70
Паралелно со овие активности, Владата преку Министерството за животна средина и Министерство за енергетика продолжува со мерките за намалување на загадувањето, вклучително и преку замена на системите за греење во јавните објекти, како и доделување ваучери за инвертер клима-уреди за домаќинствата, со што повеќе од 4.000 семејства ќе преминат на поеколошки начин на греење.
Во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, се работи на подобрување на квалитетот на воздухот во поголемите градови во Државата (Скопје, Битола, Тетово, Куманово – како едни од најзагадените) и тоа преку преземање мерки за намалување на загадувањето од системите за греење, намалување на загадувањето од јавниот транспорт и создавање на зелени појаси (озеленување). Станува збор за проект што се работи заедно со УНОПС вреден 10 милиони евра, кој почна од средината на 2023 година и треба да заврши до средината на 2026 година, со можност за негово продолжување.
Како што беше нагласено на брифингот, од предвидените 10 милиони евра, нешто повеќе од половината, или 5,42 милиони евра, се предвидени за замена на системите на затоплување на 70 јавни објекти, преку нивно поврзување на гасна мрежа во Куманово, на системот на парно греење во Скопје или на топлотни пумпи. Целосна замена е направена на 20 објекти и тоа во Куманово на девет локации со 16 објекти, во Битола на една локација во два објекти и во Скопје на ве локации во три објекти, додека во различна фаза на имплементација (проектирање, ревизија, изведба, надзор) се наоѓаат уште 47 објекти, односно 24 локации. Најчесто станува збор за училишта, детски градинки и поликлиники… кои се затоплувале на нафта.
Во декември, 2025 година, дополнително е изработена и физибилити студија за понатамошно проширување на топлификациската мрежа во Скопје.
Во моментов е на техничка обработка. По официјалното предавање кај клучните чинители, за истата е предвидена и јавна презентација. Вкупна трошоци во рамките на компонентата изнесуваат 145.000 евра – велат од Министерството.
Во делот на заштитата на природата, министерот информираше дека е во тек јавна расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје, додека законските решенија за Студенчишкото Блато и Охридското Езеро наскоро ќе влезат во владина процедура.
Што се однесува до активностите за воспоставување регионални центри за управување со отпад, Хоџа истакна дека се одвиваат според планираната динамика, а се работи и на трајно решение за депонијата во Јегуновце преку анализа на најсоодветни мерки и обезбедување финансиска поддршка.
Наскоро ќе продолжи чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС
Наскоро ќе продолжи чистењето на малата депонија со линдан и загадена почва во кругот на поранешната хемиска фабрика ОХИС во Скопје. Преку Генералниот секретаријат на Владата е склучен договор со УНОПС за обезбедување на дополнителни 750 милиони денари за да заврши чистењето на малата депонија и првата транша средства се веќе обезбедени за чистење на третиот базен од вкупно петте.
– Во фаза на изработка е тендерска документација за избор на фирма која ќе ја продолжи работата на грчката компанија „Полиеко“. Очекуваме чистењето на малата депонија да биде комплетно завршено за 3 години и да бидат отстранети нешто над илјада тони линдан и нешто помалку загадена земја – беше посочено на брифингот.
Повисоки сметки за скопјани кога ќе почне со работа Пречистителната станица?
Скопјани, од 2029 година, би требало да очекуваат повисоки сметки од ЈП „Водовод и канализација“, кога ќе почне со работа новата Пречистителна станица за отпадни води. Пречистителната станица е во фаза на градба, но сè уште не е завршен колекторскиот систем кој треба да ги прибира отпадните води и да ги носи на пречистување.
– Изградбата на колекторскиот систем е финансирана преку ИПА програмата. Изведувачот се откажа од работата и беше покрената арбитражна постапка која заврши во август 2025 година. Во моментов сме во фаза на обезбедување на национално кофинансирање затоа што треба да се завршат уште 900 метри од колекторскиот систем, како и на објавување на тендер за нов изведувач. Така што паралелно работиме на завршување на двата објекта. Тоа ќе повлече и пораст на сметките за вода. Сепак тоа е обврска на јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“, а според законското решение, локалната власт ја определува цената на водата, вклучително и надоместокот за третман и пречистување на отпадните води – беше речено на брифингот во Министерството за животна средина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УСЈЕ го исфрли алтернативното гориво, деновиве ќе…
Директорката на Државниот инспекторат за животна средина,…
Пезешкијан: Иран ќе одлучи кога оваа војна…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека…
Доналд Трамп жестоко ја нападна Европа!
Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остри…
Ако гледаме низ призма на скринингот и…
Ако гледаме низ призма на скрининг и…
МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“: Убиството…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)…