Утврдени неправилности во центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на своите законски надлежности согласно Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, извршила увид кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица.
При извршените контроли, Комисијата констатирала повеќе неправилности и постапувања спротивни на одредбите од Законот, особено во делот на регулиирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.
Меѓу утврдените неправилности се непостоење на писмени договори за откуп, користење договори кои не ги содржат задолжителните елементи предвидени со Законот, неусогласеност на договорните одредби со законските обврски.
Се наведува дека Комисијата ќе продолжи со активен надзор согласно своите законски надлежности, при што против субјектите кај кои се утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни санкции.
-Воедно, Комисијата апелира до сите учесници во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел обезбедување фер, транспарентни и рамноправни деловни односи, како и заштита на земјоделците и останатите добавувачи од нефер трговски практики, стои во нивното соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утврдени неправилности во центри кои вршат откуп…
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата…
Царинската управа заплени 12,5 тони овошје и…
Царинските службеници на граничниот премин „Богородица“ спречија…
Спречен обид за криумчарење на лекови, злато,…
Царинската управа спречи обиди за криумчарење на…
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141…
Два тона портокали, тон и пол компири…
На веб-страницата за јавни набавки се објавени…