Утковски: Затворот во Шутка не е мексикански картел, тука му е гарантирана безбедноста на Груби
Затворот „Скопје“ не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста на секој штитеник, па дури и на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој заврши во куќен притвор со образложение од Обвинителството дека МВР и АНБ процениле дека Груби не е безбеден во Шутка, дециден е директорот на Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски.
– Безбедноста овде е на прво место, а не е само притворското одделение во Шутка, има во Куманово, Гевгелија и Битола. Од мене не е побарано написмено да се произнесам за безбедноста на лицето Артан Груби. За МВР и АНБ не знам. За мене сето ова е произволно. Нека дојде кој сака и да каже кои параметри затворот „Скопје“ не ги задоволува. Кои се тие безбедносни критериуми што ние не ги исполнуваме? Не е точно дека не може да се гарантира личната безбедност на Груби. Со сиот свој интегритет гарантирам дека максимално е загарантирана безбедноста на секој еден штитеник, дури и на Груби. На крајот на денот ако толку ценат дека овде е небезбедно има и други институции како во Гевгелија, Битола и Куманово. Затворот „Скопје“ не е мексикански картел. Само тоа имам да кажам – вели Утковски.
Во денешното соопштение Обвинителството излезе со образложение дека дале предлог за куќен притвор на Груби бидејќи МВР и АНБ процениле дека не бил безбеден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утковски: Затворот во Шутка не е мексикански…
Затворот „Скопје“ не е мексикански картел, може…
Затворот во Шутка со часови без струја!
Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е…
Заталкан куршум пробил во куќа во Шутка
До полицијата пристигнала пријава за уште еден…
МВР ја потврди смртта на притвореникот во…
Министерството за внатрешни работи потврди дека во…
Почина притвореник во Шутка: Имал тумор и…
*Објава на Фејсбук на Асмир Алипашиќ: Почитувани…