Утре нов „Марш на ангелите“ во Кочани
„40-ти Марш на ангелите“ ќе се одржи на 4 април 2026 година во 16:05 часот во Паркот на Револуцијата во Кочани, во организација на здружението „16 март“, формирано од дел од родителите на загинатите.
Четириесетти пат, како што наведуваат, ќе чекорат заедно „со болка, со љубов и со непоколеблива решеност нашите ангели никогаш да не бидат заборавени“.
„Една година бараме вистина. Една година бараме одговорност. Една година чекаме вистинска правда. И нема да застанеме“, стои во објавата.
Од здружението порачуваат дека ќе продолжат да маршираат сè додека не се добие, како што велат, правдата што ја заслужуваат нивните деца.
„Ќе чекориме сè додека не ја добиеме правдата што нашите деца ја заслужуваат. Ќе чекориме сè додека вистината не излезе целосно на виделина“, наведуваат родителите.
На маршот ќе се говори и за, како што посочуваат, молкот на институциите по трагедијата, за одговорноста што сè уште се чека, како и за прашањата кои останале без одговор.
„Ќе зборуваме за тишината што премногу долго трае и за вистинската причина за смртта на нашите најмили, за која семејствата сè уште очекуваат целосна и јасна вистина“, се наведува во повикот.
Од здружението ги повикуваат сите родители, семејства, пријатели и граѓани да се приклучат на маршот.
„Да одвоиме еден час за спомен, за поддршка и за заеднички глас дека Кочани нема да молчи и нема да запре додека не ја добие вистинската правда. Еден час за нашите ангели. Еден чекор поблиску до правдата“, порачуваат организаторите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре нов „Марш на ангелите“ во Кочани
„40-ти Марш на ангелите“ ќе се одржи…
„НАПРАВЕТЕ РЕФЕРЕНДУМИ И ПРИМЕТЕ ГИ СИТЕ ВО…
Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор во интервју…
Иран возврати на најновото предупредување од Трамп:…
„Допрете ја инфраструктурата и ние ќе ги…
Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за…
ЕУ се подготвува за продолжен енергетски шок…
Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…